April 26, 2024, 11:48 am

ВО СЕДМИОТ МЕСЕЦ ОД БРЕМЕНОСТА ТАЈНО ГО ПРЕЛЕТАЛА ОКЕАНОТ: Што прави Меган Маркл кришум во Њујорк?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За разлика од Америка каде што дарувањето на бебето е еден од омилените денови во животот на трудницата (се организира „babyshower“, забава на која пријателките на идната мајка носат сè што би можело да му затреба на бебето), во остатокот од светот, овој обичај не е толку популарен.

Да не зборуваме, пак, за кралските семејства каде што работите како што се креветчето и првите шпикозни се наследуваат и знаат да датираат уште од минатиот век.

Но овие обичаи не ѝ се допаднале многу на војвотката од Сасекс Меган Маркл, која минатата година влегла во британското кралско семејство, па нашла начин сепак да си ја исполни желбата и да го има познатиот „babyshower“.
Таа наводно тајно отпатувала во Њујорк, за да се види со пријателите кои ќе ѝ организираат забава по повод дарување на детето на поранешната актерка и британскиот принц.

Многумина се прашувале како може на една трудница во седми месец да ѝ биде дозволен лет со авион, а одговорите веднаш пристигнале, повторно повлекувајќи ја приказната дека Меган Маркл ја лажирала бременоста и дека летот со авион е уште еден доказ за тоа.

Со оглед на тоа што кралицата Елизабета не ги одобрува ваквите обичаи, којзнае како реагирала на фактот што војвотката по стоти пати им се спротивставила на кралските правила.

Дарувањето на бебето ѝ било забрането и на Кејт Мидлтон, но се зборувало дека сестра ѝ Пипа сепак ѝ организирала забава, исто така во тајност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This