April 19, 2024, 12:57 pm

ВО СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА ВЛАДЕЕ ОГРОМЕН КРИМИНАЛ: МВР во моментов нема контрола врз криминалот во Скопје и Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МВР во моментов нема целосна контрола и во Скопје има енормно количество на криминал, потенцира новинарот Васко Ефтов за телевизија „Алфа“.

 

-Минативе две недели во Скопје шетаат некои мали луѓе, црни и ситни, по 3-4 во група. Тоа се луѓе кои претходно не сме ги гледале во Скопје, можеби се скопјани кои се криеле по некои станови и подруми. Тоа значи дека МВР нема целосна контрола. Во овој период, доаѓајќи на власт, Заев и Оливер Спасовски, правеа коалиции со секој и на секоја можна тема, особено со криминалците. Бидејќи нe може да се случи промена во било која држава во Источна или Југоисточна Европа ако криминалот, да речеме тајните служби, не ја сменат страната. Ние имавме пример каде тајните служби ја сменија страната, тоа е аферата со бомбите и прислушкувањето и сега гледаме како и криминалот ја менува страната. Одеднаш во Скопје имате енормно количество на криминал, каде дрога се продава на секое ќоше и кога имате такво енормно количество на криминал и кога имате недозволена трговија од се и сешто, тоа значи дека имате преголема понуда, а иста побарувачка. Тоа значи дека ние можеме да очекуваме дека криминалот во нареден период ќе влезе еден контра друг во конфликт, потенцира Ефтов.

Според новинарот, МВР во моментов нема целосна контрола на тие ситуации.

-МВР нема целосна контрола бидејќи има направено коалицирање политички, а криминалот се договара, ми се чини, со полициските структури на вториот или третиот ешалон, на едно локално ниво. „Јас нема да те санкционирам, а ти можеш да правиш што сакаш, но за возврат мене ќе ми вратиш на политички или на финансиски план“. Мислам дека врвот на МВР нема целосна контрола над ситуацијата, заклучува Ефтов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This