Во случај на koнфликт, Русија ќе го „згази“ НАТО, тврдат експерти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џон Росомандо, колумнист за американското списание „Нешнал интерес“, објасни што може да очекува НАТО во случај на конфликт со Русија во Европа.

Авторот на написот потсети на воените вежби на НАТО „Зима 20“ што се одржаа во Полска, при што условен противник од истокот и нанесе уништувачки пораз на армијата на земјата за само пет дена. Ова се случи и покрај фактот дека во теоретскиот конфликт, полските вооружени сили имаа (сè уште неиспорачани) авиони од петтата генерација Ф-35, ракетни одбранбени системи „Патриот“ и повеќебарелни ракетни системи ХИМАРС.

„Вежбите покажаа дека источното крило на Северноатлантскиот сојуз е слабо и ранливо на „руска инвазија“, напиша експертот.
Росомандо посочи дека Русија го зајакна и модернизира Западниот воен округ, во кој се концентрирани „најкомпетентните воени единици“ на земјата, опремени со модерни тенкови Т-90 и Т-72Б3М, оклопни носачи БТР-82, БМП- 3, како и софистицирани противвоздушни системи за одбрана, вклучително и противвоздушни системи „Тунгуска“, „Панцир С1“ и „С-400“.

Според него, оваа група на руски трупи брзо би ги соборила полските и балтичките единици на НАТО доколку Соединетите држави не го зголемат своето присуство на ова крило.

„Во случај на војна, руската и белоруската армија ќе ја окупираат територијата на НАТО долж границата и со тоа ќе ги пресечат силите на Алијансата на половина, што ќе ја прекине логистичката врска помеѓу Полска и Литванија“, се вели во написот.
Авторот им предлага на САД да и помогнат на Полска да го замени застареното оружје со модерно што ги исполнува стандардите на Алијансата. Покрај тоа, сојузниците на НАТО мора да ги обноват линиите за снабдување што постоеја во Западна Европа пред крајот на Студената војна, заклучува колумнистот.

Москва повеќе пати потенцираше дека земјата нема агресивни намери кон другите земји. Во исто време, руската страна ја забележува растечката воена активност на Соединетите Американски Држави и блокот на НАТО на нејзините граници. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу го посочи „антирускиот карактер“ на активностите на Северноатлантскиот сојуз. Според него, Министерството ги презема сите неопходни мерки за сигурна заштита на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This