ВО СОСЕДСТВОТО ПЛАТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ДО 12%: Во Македонија се сѐ пониски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју дадено за „Република“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски посочи дека најголем докaз за лошите политики на оваа власт се тоа што во соседството, во регионот платите растат, а само во Македонија се намалуваат.

Она што го вети Заев беше празно ветување, нема ништо од плата од 500 евра, а од друга страна источноевропските земји, меѓу кои и нашиот сосед Бугарија, работат на тоа како да си ги задржат во својата земја висококвалификуваните луѓе, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека просечните плати во земјите во регионот растат од 8 до 12% на годишно ниво, што е исклучително квалитетен податок. На пример, во Романија, општите лекари, како матичните кај нас, имаат 1.860-1.920 евра плата. Медицинските сестри земаат 650-700 евра просечна плата за да не ја напуштаат државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This