ВО СОФИЈА СЕ СЛАВИ, ВО МАКЕДОНИЈА СЕ КРИЕ: Владата се уште не го објавува договорот со Бугарија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се ближи денот кога Македонија и Бугарија ќе треба да го потпишат договорот за добрососедство кој беше најавен при посетата на Зоран Заев и Никола Димитров во Софија, каде остварија средби со своите бугарски колеги и се поклонија пред споменикот на кој Цар Самоил е означен како „бугарски цар“, пишува Република.

 

Во таа прилика Заев најави дека премиерот на Бугарија со која сме имале заедничка историја, на 2-ри август ќе дојде во Македонија заеднички да го чествуваме Илинден, па потоа да го потпишеме договорот со нашиот источен сосед. Но, содржината на договорот за македонските пратеници и јавност остана тајна, за разлика од Бугарија каде веќе беше оценуван од комисијата за надворешни работи и е достапен за секој пратеник, како што известуваат тамошните медиуми.

Најавите на Заев дека ќе славиме заедничка историја со Бугарија, чија неофицијална позиција кон Македонија е дека нашата историја е фалсификат, беше дочекана со воодушевување и восхит кон Заев од тамошните екстремни националисти. Таквите го величаат Заев за неговото отворање и виткање на кичмата кон Бугарија, што тој најави и дека ќе го стори кон сите соседи на Република Македонија во однос на нивните забелешки за нашето постоење и право на држава.

Токму поради ова јавноста е и повеќе од заинтересирана за да ги дознае деталите од договорот со Бугарија, но досега нема ниту транспарентност ниту отворање дебата за прашањата од јавен интерес, што беше декларирана програмска определба на Зоран Заев и владата на СДС.

-Владата на Република Македонија ги промовира принципите на транспарентност, отчетност и инклузивност за сите политики во процес, вклучуваќи ги и меѓународните. Граѓаните ќе бидат редовно и темелно информирани. Одлуките за нив ќе се носат во Собранието на РМ од страна на пратениците избрани од граѓаните – стоело во одговор од Владата на новинарско прашање на Плусинфо во врска со барањето за увид во договорот за добрососедство со Бугарија од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

И иако дури и во последниот одговор Владата инсистира дека ќе е транспарентна и отчетна, од тоа нема ништо. Денот кога ќе бидеме ставени пред свршен чин е се поблиску.

Виси прашањето: што се има како отстапка направено Заев кон Бугарите, за тие да го слават договорот, а тој да го крие од македонската јавност.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This