- Advertisement -
Во последните 24 часа во Србија регистрирани 2.800 нови случаи на коронавирус, од направени 11.363 тестови, а 21 лице почина.
На респиратор има 108 пациенти од вкупно 1.479 хоспитализирани, објавено е на официјалната веб -страница „Ковид19.рс“.
Од почетокот на епидемијата, во Србија се регистрирани 779.723 лица заразени со коронавирус, а 7.379 луѓе починале.
Досега се направени се 5,1 милиони тестови.