Во Србија и Косово ќе се инвестираат 5 милијарди долари во инфраструктура, ние тука сѐ уште збориме за еден автопат Кичево-Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Комисијата за транспорт и инфраструктура на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на Телма телевизија во дебата со актуалниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, истакна дека додека во регионот само во Косово и Србија ќе се инвестира скоро 5 милијарди долари во инфраструктура и енергетски бум, ние тука сеуште зборуваме за еден автопат Кичево-Охрид, а до Велес се патува со воз час иполовина.

-Додека кај нас главни вести беа рушење на дивоградба кај Мавровка или Охридска бетонска база, во регионот има сериозни промени. Имено Србија и Косово во САД склучија сериозни договори, од кои само во Косово преку 1 милјарда долари одобрени во наредната година за изградба на автопат од Приштина до границата со Србија, паралелно железничка инфраструктура, помош за термоцентрали на гас, целосен енергетски бум со преку милјарда долари само во Косово. 3.7 милијарди долари помош ќе има само за Србија, притоа освен ова една од најголемите компании за железнички сообраќај „Руски железници“ ќе ја прават железницата спрема Црна Гора, плус „Кинеската железница“ ќе врши модернизација на Белград-Будимпешта пругата, посочи Ивановски.

Ивановски вели брзи пруги каде од Белград до Нови Сад ќе се стигнува за 30 минути, а со воз од Скопје до Велес час и половина, нивните возови одат до 200километри на час, нашите со 20-30километри на час, не поради тоа што се лоши, туку затоа што лоша е инфраструктурата, не се одржува не ни можат да ја постигнат оваа брзина, заклучи Ивановски.

-Мaнипулацијата со бројките не излегува од реториката на СДСМ, 550 километри автопати три години не се случија, 600 километри магистални експресни патишта не се случија, пред избори кажавте дека сте изградиле 220 километри автопати, еден не сте почнале, а при тоа ако проверите во вашите извештаи преку 2000 километри патишта се реконструирани, а не 600 километри магистрални експресни патишта, му посочи Ивановски на министерот Бочварски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This