ВО СРБИЈА КРИМИНАЛЕЦ, ВО МАКЕДОНИЈА ВИСОК ГОСТИН: Медиумскиот рекетар Александар Родиќ заедно со Заев ќе воведува медиумски мрак во земјава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Газдата на фејк њуз порталот од Србија „Курир.рс“ Александар Родиќ во Скопје се сретнал со Зоран Заев, и како што пишува „Информер.рс“ албанскиот платеник

Сопственикот на рекетарскиот „Курир.рс“ Александар Родиќ, се состанал со Заев пред два дена со албанскиот платеник и нов премиер на Македонија Зоран Заев, со што дефинитивно е потврдена нивната „коалиција“ за која се пишувало со месеци – стои во текстот на српски „Информер.рс“.

Заев за Родиќ организирал свечен прием во својот кабинет, а потоа заедно отишле на вечера во познат скопски ресторан. Како што пренесува Информер, темата на разговорот помеѓу Родиќ и Заев била поддршката на режимот во Скопје преку рекетарскиот „Курир.рс“!

Оваа средба, пишува Информер.рс, според оценките на нивните соговорници е јасен доказ дека нивното заедничко делување е против интересите на Србија, но и Македонија.

Главниот уредник на „Печат“ Милорад Вучелиќ смета дека состанокот на Заев и Родиќ претставува врв на лицемерието на македонскиот премиер.
– Ова е јасен доказ дека тие двајца имаат работи кои се директно вперени против Србија и нејзините интереси. Заев со денови како папагал ја повторува приказната дека Србија и некои луѓе од Србија се мешаат во внатрешните работи на Македонија, а потоа го фали и наградува сопственикот на познати рекетарски новини кои за време на кризата во Македонија беа на негова страна. Тоа е страшно лицемерно и покажува двоструки аршини на кои Заев им е склон – истакнува Вучелиќ, додавајќи дека Заев очигледно не поднесува критика и дека би сакал сите за него да пишуваат се најдобро.

– Родиќ и неговите новини ги фали, а угледниот новинар како што е Мирослав Лазански го напаѓа и клевети само зтоа што објективно и веродостојно известуваше за случувањата во Скопје. Сето тоа зборува за Заев и неговиот режим – нагласува Вучелиќ.

Уредникот на „Нов стандард“ Жељко Цвијановиќ оценува дка од самиот почеток на македонската криза американскиот фактор настојува во Србија да обезбеди поддршка за Заев.
– Најнапред се обидоа да го придобијат Вучиќ, а кога тој одби, за пари ангажираа луѓе блиски до Вучиќ и оние кои ја поддржуваа власта во Србија во време кога беше поддржана и од американската амбасада, при што примарно се лојални кон Американците…Моменталниот развој на ситуацијата упатува токму на тоа дека политичката и медиумската инфраструктура направена од луѓе доскоро блиски до Вучиќ, поддржувачи на Заев, всушност ќе биде таа која во еден час ќе добие задача да каже дека Вучиќ е истиот „диктатор“ како Груевски. Токму на таков расплет упатуваат сите контакти и медиумски акции позади кои стои проамериканскиот „Курир.рс“ – заклучува Цвијановиќ.

Инаку, Родиќ пред одредено време со неговата „Адриа медиа груп“ инвестираше во неколку медиуми блиски до СДС.

Родиќ е предмет на истрага на српските органи на прогонот поради финансиски малверзации, перење на пари, фалсификување на документи, уцени, закани, неплаќање на данок и редица други кривични дела, слични на оние за кои се гонети и Заев и неговите најблиски соработници.

Освен ова, медиумите на СДС пренесуваат дека Родиќ и Заев дискутирале за „промоција на објективното информирање“ и воведување на препораките на Прибе во сегментот на слободата на медиумите, што упатува на фактот дека Заев спрема стратегија за реваншизам кон критичките и објективни медиуми.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This