March 29, 2024, 10:22 am

Во Србија откриени лекови помешани со цемент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Србија се откриени лекови за циркулација и проблеми со срцето, вијагра и цитостатици помешани со цемент, но и крема за обувки кои претставуваат голема опасност доколку истите стигнат до рацете на  пациентите.

Според царинските службеници, лани биле запленети  се 100 000 фалсификувани  лекови. Фалсификатите  во Србија најчесто доаѓаат од територијата на Косово и од Македонија. Средствата за потенција доаѓаат главно од Кина и Индија

Според цариниците  само во првите шест месеци од  годинава  запленети  се скоро 200.000 единици на разни лекови и суплементи, објави “Блиц”.

Радмила Јовановиќ, од Секторот за контрола на спроведување на Царинската управа на Царинската управа, изјави за белградскиот весник дека пазарот за фалсификувани лекови е една од најбрзо растечките криминални активности и дека прашањето за шверцот на таквите лекови е огромна тема во целиот свет, вклучително и во Србија.

Лековите најчесто се продаваат преку интернет  и преку разни портали

Гордана Перишин  од секторот за испекциски работи во Министерството за здравство за “Блиц” вели дека борбата против фалсификуваните лекови и медицински сретства мора да се води континуирано . Послeдниве години како што истакна таа најмногу се фалсификуваат цитостатиците,  диетеските сртства  и допиг сретствата за спортистите.

Споменатите лекрства се шверцуваат со бродови, автомобили и други превозни сртства спакувани дури и да личат како детски играчки или пак бонбони.

Убедливо најголемата заплена на фалсификувани сретства за потенција вредна милиони евра била во  2017 година кога  на преминот кај Прешево бил откриен камион  натоварен со вијаграта кој од Скопје требало да влезе во Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This