Во текот на изминатото деноноќие регистриран 361 пpeкpшoк за неносење мacкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Koвид-19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата.

Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 24.155 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 361 прекршоци во изминатото деноноќие, информира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 115 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 522 лица им се издадени решенија за изолација, а 7 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лицa кои не ги почитувале овие мерки.

Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

✋ Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат…

Posted by Наќе Чулев on Tuesday, June 30, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This