April 19, 2024, 11:48 am

Во тек подготовки за старт на ТЕЦ „Осломеј„

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во тек се подготовки за старт на ТЕЦ „Осломеј“. За почетно пуштање на блокот се користат два помошни котла за продукција на пареа до производство на пареа од главниот котел, соопшти денеска АД Електрани на Македонија, подружница РЕК „Осломеј“ Кичево.

tec-640x294

За старт на помошните котли на ТЕЦ „Осломеј“, појаснуваат од компанијата, потребна е нафта, со која се загрева водата во котлите за производство на пареа. Оваа пареа, стои во соопштението, го грее мазутот во мазутна станица, до постигнување на потребната температура и потоа парните котли работат на мазут и произведуваат пареа за пуштачки операции на блокот.

– Штом се создадат услови за потпала на блокот, се палат мазутните бренери со капацитет 1,5 тони на час, поединечно, за загревање на котелот, создавање пареа и постигнување параметри. Котелот е опремен со шест мазутни бренери кои работат со полн капацитет 6-8 часа за загревање на котелот. После тоа за да се постигне потребен притисок во котелот се вклучуваат млиновите еден по еден, а притоа треба да се исклучуваат мазутните бренери еден по еден. Во нормална работа на блокот–гарантиран квалитет на јагленот, исправност на млиновите и т.н операции за старт, до синхронизација се околу 12 часа. По синхронизацијата до постигнување полна снага работат мазутните бренери, се вели во информацијата на АД Електрани на Македонија, Подружница РЕК „Осломеј„ Кичево , испратена до медиумите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This