ВО ТЕК СЕ ТАЈНИ И МАЧНИ ПРЕГОВОРИ: Тајни преговори за спас на Владата, вплеткани и странски дипломати и консултанти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе извори на различни нивоа во власта и правосудството тврдат дека римејкот на вицот што го објави Бранко Героски индиректно ја отсликува реалноста во која западнаа власта и други фактори.


Изворите на expres.mk тврдат дека во моментов меѓу повеќе фактори, на повеќе места и преку повеќе комуникациски канали се одвиваат тешки преговори за спас на Владата по најновиот скандал во кој е инволвирана и важна личност од правосудството.

Во преговорите кои траат неколку дена се инволвирани и странски консултанти.

Меѓу себе преговарачите и нивните шефови се убедуваат дека исходот треба да биде расчистување на ситуацијата на начин кој треба да донесе запирање на срамот за Македонија и датум за преговори во октомври.

Во суштина преговорите, според изворите блиски на дел од засегнатите политичко-правосудните актери треба да запрат истекување на информации кои би биле катастрофални за Владата и да договорат кој ќе биде жртва на скандалот. На жртвата и се ветува дека подоцна ќе се спасува со политички и судски мерки.

Засега сите преговарачи се едногласни дека по пораките од Хан, Рикер и Тимоние кои директно поварале расчистување на Рекет некоја крупна ѕверка ќе мора да оди курбан за да се спаси образот на Владата во пресрет на септември и октомври кога ќе се решава за датумот.

Засега според изворите никој од засегнатите кои имаат информации со кои можат да им наштетат на другите страни во преговорите не сака да прифати да биде жртва а на сите им е јасно дека ако еден проговори сите ќе одат “курбан”. Ова во својот виц од утринава случајно или намерно го најавува Бранко Героски во својот римејк виц.

Во моментов најголем дел од преговарачките групи сметаат дека жртвата мора да биде една персона која одбива да биде единствена жртва.

За таа персона да се убеди, вчера од провладин медиум беше објавена вест според која жртвата направила незаконски чекор во институцијата во која работи, но медиумот доби демант за објавената вест.

Друг медиум критички настроен кон власта објави дека вчера МВР подготвувала операција за апсење на висока функција но не доби демант за веста.

Според изворите, дел од дипломатите кои предходно биле блиски со преговарачките групи сега се дистанцираат од преговорите барајќи власта сама да преземе соодветни чекори и да ја реши кризата која може да има катастрофални последици по земјата.

Главниот проблем во преговорите засега е што сите инволвирани имаат пристап до тајни сензитивни материјали кои можат да го урнат целиот политички и правосуден систем поради што и покрај низата докази и индиции за криминал се тактизира со апсења и обвиненија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This