ВО „ТРАЕКТОРИЈА“ СЕ ПУШТАА БОМБИ: СЈО тврди дека Владата не прифатила поефтина понуда, екс-функционерите тврдат дека таква понуда немало!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во случајот „Траекторија“ беше пуштен разговор во кој, според тврдењето на СЈО, втората кинеска компанија CWE дала наводно пониска понуда која била намерно сокриена.

Но она што стана сосема јасно од другите разговори е дека таква понуда не постои, туку дека компанијата CWE упатила само писмо, но не и понуда.

Тоа писмо било пратено дури 23 дена откако двете компании ги доставиле на ист ден и во исто време своите финални понуди и во кои CWE имале повисока цена од Синохидро.

Очигледно е дека CWE дури откако дознале дека под исти услови дале повисока понуда и покрај тоа што рокот за давање конечна понуда бил одамна изминат и CWE дал финална понуда, се обиделе со неформално писмо да искажат наводна спремност да ја намалат цената која како конечна веќе ја понудиле.

Со тоа би бил целосно нарушен принципит на рамноправност и конкурентност на двете компании.

Како што брифираат извори блиски до одбраната, во понатамошната постапка ќе им стане јасно и на СЈО и на јавноста дека кога ќе се земат сите елементи во предвид, дури и наводната пониска цена во писмото на CWE не била ни приближно поповолна од прифатената цена во понуда на Синохидро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This