ПРОТЕКОА ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ: Владата на САД тајно собирала податоци за “далечинска контрола на умот”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Документите кои случајно стигнаа до јавноста покажуваат дека американската влада тајно собирала податоци и истражувала начини за “далечинска контрола на умот”.

Доказите беа мистериозно испратени откако еден новинар поднесе барања за различни информации, во кои беше откриено истражување на бизарно “психоелектронско” оружје, објави Дејли Меил.

Овие алатки, наводно, користат електромагнетна сила за да постигнат ефекти, вклучувајќи и индукција на интензивна болка, чешање или дури “ригор мортис” – трет степен на смрт, односно здрвување на мускулите.

Документите беа испратени до Куртис Волтман, новинар кој работи за непрофитабилната компанија “Мак Рок” од Бостон, кој им помага на луѓето да поднесуваат барања до државните органи според Законот за слободен пристап до информации.

Тој ги истражувал левичарските активисти на Антифа и нео-нацистите во Америка кога дошол до бизарното откритие.

Документите биле обезбедени од ,,Фужн Центарот’’, од Државата Вашингтон, Одделот за државна безбедност, кој обезбедува размена на информации и анализи.

Меѓу очекуваните документи било и досието со наслов “ЕМ ефекти врз човечкото тело”, вели Волтман.

“Не е сосема јасно како сето ова заврши во овие докуметни. Можеби тоа беше наменето за друг, можеби документите биле собирани за извештај или дури и од лични досиеја на разузнавачките служби кои направил грешка “, вели Волтман.

Документите опишуваат голем број на предложени уреди и техники кои имаат за цел да се манипулира со човечкиот ум.

Од неверојатни техники како “микробраново слушање” до можеби изводливи техники, како што е далечинското мапирање на мозокот, што би овозможило набљудување на мислите на човекот се наоѓаат во документите, вели британскиот весник.

Постоењето на овие документи не значи дека американската влада директно работи на такви проекти, или дека тие можеби се чисто експериментални.

Сепак, се чини дека некој го сфатил ова доволно сериозно за да ги собере сите информации за овие техники.

Претходно, ЦИА спроведе МК-ултра проект кој вклучува голем број проекти за контрола на умот.

Повеќето експерименти се однесувале на употребата на дроги како ЛСД за тестирање или контролирање на умот.

Милиони долари се инјектираат во проект со малку практични резултати. Објавените информации се однесуваат на слични експерименти за контрола на умот со помош на електромагнетни бранови.

Авторот на текстот заклучува дека овие документи се однесуваат на тоа што може да го стори ова оружје, доколку навистина постои.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This