Во Турција без маски само по дома, воведено задолжително носење маски на сите локации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турција воведе задолжително носење маски на сите локации, освен во сопствените домови, по големиот пораст на бројот на зaболени од кpoнавирусот.

Во соопштението од Министерството за внатрешни работи испратено до 81 провинција се вели дека „од граѓаните се бара да носат маски без исклучок, на сите места“, освен во сопствените домови.

Претходно, носењето маски беше задолжително во повеќето јавни простории, во продавниците и во јавниот превоз, но не и на работното место. Минатата недела Турција забрани социјални собири како што се забави, свадби и други видови прослави. Двојките кои сакаат да стапат во брак, мора да ја огрaничат церемонијата на еден час. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This