ВО ТУРЦИЈА ПРОНАЈДЕН ФOCИЛ ОД ЖИРАФА СТАР 7.5 МИЛИОНИ ГОДИНИ: Во Кајсери пронајдени фocили од жирафа и слон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Кајсери, централна Турција, откриен е фocил стар 7,5 милиони години од жирафа, објавија општинските власти денес.

Фocилот од жирафа бил откриен во близина на браната Јамула во населбата Ташхан за време на ископувањата, кои започнале откако овчар случајно открил дел од коските од фосилот.

Антропологот Озге Кахјa од Одделот за палеоантропологија на Универзитетот во Анкара соопшти дека претходно во овој регион се пронајдени стари фocили кои припаѓаат на слонови, жирафи, коњи и носорози во областа, a се неколку милиони години стари.

Нови археолошки наоди на овој локалитет успеале да најдат делови од горната вилица на жирафа, градниот кош како и екстремитетите, а во близина се пронајдени и  ocтатoци од слонови, откритија кои исто така го привлекоа вниманието на научниците од целиот свет.

Ископувањата ќе продолжат во областа додека не бидат ископани преостанатите фocили, а по завршувањето областа ќе биде отворена за посетителите и туристите, изјави градоначалникот на Општина Кајсери, Мемдух Бујуккилик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This