Во Турција уапceн Македонец, дecна paка на мафиjaшот Ceдат Пекep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турските медиуми објавуваат дека во рамки на операциите на властите на Турција против Седат Пекер, кој има потерница за апсење со образложение дека е водач на криминална организација е уапсен македонски државјанин.

“Конечно, лидерот на криминалната организација Бобан Томовски, познат по својата блискост со Пекер, беше фатен на аеродромот Сабиха Гикчен. Томовски, кој наводно бил вмешан во шверц на дрога, бил приведен при обид да замине во Египет”, пишуваат турските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Името на уапсениот е Бобан Томовски, со кого во Македонија дејствувал Седат Пекер, а живеел како бегалец во Обединетите Арапски Емирати. Томовски бил приведен на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул.

Според турските медиуми утврдено е дека шверцерот со дрога Томовски, кој имал чести средби со Пекер во Македонија, Скопје, бил на пат да замине во Египет преку Турција.

Според медиумските извештаи Томовски, кој споделувал многу објави со Пекер на неговите сметки на социјалните мрежи, имал многу влезови и излези кон Турција.

Во извештаите се наведува дека Томовски, за кого се сметаше како осомничен во рамките на истрагата покрената против Пекер, е предаден на Дирекцијата за борба против имигранти и одделот за гранични за спроведување на постапките за депортација по завршувањето на судската постапка.

Томовски е македонски државјанин.

Извор: Експрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This