Во Украина пронајдени мacовни гpoбници со илјадници жpтви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заеднички гробници со посмртни останки на илјадници луѓе убиени во чистките на Сталин во 1930 -тите, се пронајдени во Одеса, на југот, во една од најголемите масовни гробници во Украина, соопштија властите. До денес, 29 гробови со посмртни останки од 5.000 до 8.000 луѓе се пронајдени на површина од скоро пет хектари, во близина на аеродромот во Одеса, изјавил за Франс прес Сергеј Гукалук, шеф на регионалната канцеларија на Институтот за национална меморија.

Но, тој број може да расте уште повеќе додека продолжува ископувањето.

Остатоците се пронајдени откако локалните власти наредиле пробен ископ за да се одобри работа за проширување на аеродромот, откако веќе биле пронајдени масовни гробници на местото.

Гучаjук изјавил дека жртвите на НКВД, советската тајна полиција, претходникот на КГБ, најчесто биле застрелани во задниот дел на главата. Жртвите беа погубени помеѓу 1937 и 1939 година, за време на владеењето на теророт на Сталин.

Според него, нема да биде можно да се идентификуваат жртвите бидејќи Москва, која ги чува документите за овие чистки означени како тајни, „нема да ги предаде документите“ на Украина поради тензијата меѓу двете земји.

За време на пробното ископување во 1993 и 2008 година, биле откопани речиси 1.600 останки, рече Гукаjук.

Според украинските историчари, стотици илјади Украинци биле погубени или затворени во гулази во чистките на Сталин во 1930 -тите.

Едно од најозлогласените места за масовни егзекуции е шумата во близина на селото Бикивнија, недалеку од Киев, каде што биле убиени и погребани десетици илјади жртви од 1937 до 1941 година.

Милиони Украинци, исто така, загинале во вештачки глад (Холодомор) од 1932 до 1933 година, што Украинците го сметаат за геноцид нареден од Сталин за да го задуши наводниот украински национализам.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This