April 19, 2024, 12:37 pm

ВО „ФЕНИ“ СЕ ДЕЛЕЛЕ БОНУСИ ПО 2.000.000 ЕВРА: Форензичкиот извештај од ревизијата во ФЕНИ покажува милионски криминал!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кавадаречкиот гигант ФЕНИ ИНДУСТРИ од некогаш најголемиот извозник во државата денес се распаѓа. Документите кои секојдневно се објавуваат на интернет мрежата покажуваат како огромни суми пари биле делени на име хонорари, бонуси и слични плаќања кон тесна група на луѓе, за сега да се доведе во ситуација на презадолженост кон голем број субјекти и состојба на стечај со неисплатени плати кон над 850 вработени.

Претходното раководство на секој можен начин се обидело да испумпа пари од компанијата. Се делеле бонуси во износ од 100.000  до 2.000.000 евра. Дополнително се делеле  награди и за консултации, па така Даскалакис си исплатитл 692.093 евра за себе, 101.093 за Јоанис Нустафис и 56.942 евра за Арвин Мундрах.

Според фалсификуваните финансови извештаи, како и согласно извештајот на форензичната истрага спорведена од независна резвизорска куќа КПМГ, обртниот капитал на комбинатот ФЕНИ бил „набилдан“ со фиктивни побарувања од КУНИКО МАРКЕТИНГ ФЗЕ. Со КУНИКО МАРКЕТИНГ ФЗЕ, управувал синот на главниот извршен директор Константинос Даскилакис.

На тој начин, банките доверители не биле свесни за реалната состојба на комбинатот, која била далеку од онаа која што била презентирана во финансиските извештаи.
Практично, во тој период цената на никелот била многу пониска од производните трошоци, на сметка на ова комбинатот генерирал милионски месечни оперативни загуби, додека во финансиски извештаи кавадаречкиот комбинат ФЕНИ ИНДУСТРИ покажувал една нереална слика, односно поради фалсификуваните извештаи гигантот се прикажувал како кредитоспособен.

Една од причините поради која во периодот од 2010 до 2014 година банките се ослучиле да пласираат кредити во ФЕНИ се лажните финансиски извештаи.
Банките доверители не биле свесни дека не ја поддржувале компанијата, туку се цел на измама.

На интернет просторот се најдоа фотографии од вицепремиерот за економски прашања во сегашната владата на предводена од СДСМ, Кочо Анѓушев заедно со Константин Даскалакис, доссегашен сопственик на Фени.Како што се наречени во написот Кочо Анѓуѓев слави со гробарите на Фени во Агропромет Тиквешанка.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This