March 29, 2024, 11:49 am

ВО ФОН СЕ ШТАНЦАЛЕ ФАЛЦ ДИПЛОМИ: Командир од МВР под истрага, напредувал во кариерата со фалсификат диплома од „ФОН“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените во „ФОН“ се товарат за „злoyпотреба на службена положба или овластување“ и „фалсификување исправа“, а полицискиот командир за „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“

Против универзитетот „ФОН“ е поднесена кpивичнa пријава од страна на Секторот за внатрешни работи во Куманово. Под истрага се и заменик генералниот секретар на универзитетот, како и раководителот на студентски прашања. Кpивична пријава е поднесена и против командир на МВР задолжен за граничнот надзор и граничната контрола на Пелинце.

Нив ги поврзува тоа што командирот, 45-годишниот Д.Ј. од Куманово, напредувал во кариерата до оваа позиција со фалсификат диплома која му ја издал универзитетот. Според кpивичната пријава во делото му помогнале 50-годишниот С.Ѓ. од Скопје кој е заменик генерален секретар на Универзитетот, и 47-годишната Б.Р. исто така од Скопје, која е раководител на студентските прашања.

Вработените во „ФОН“ се товарат за „злoyпотреба на службена положба или овластување“ и „фалсификување исправа“, а полицискиот командир за „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

„Првопријавениот Д.Ј., со намера побрзо да се стекне со диплома за завршено високо образование, во февруари 2008 година поднел молба до Полициската академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Скопје од каде добил Уверение дека е запишан како вонреден студент во II година – IV семестар во академската 2007/2008 година и дека има положено 16 испити. По ова, тој не поднел молба за запишување и не склучил Договор за студирање со Правното лице Универзитет ФОН, а согласно претходен усмен договор, второпријавениот – одговорно лице на универзитетот и третопријавената – раководител на студентски прашања, формирале Комисија за признавање на испити на Факултетот за детективи и безбедност, која на 17.01.2008 година донела Решение пред да му биде издадено Уверението за положени испити од Универзитетот на кој претходно бил запишан, со кое му се признаени 15 испити, без да биде донесено друго Решение за тоа во кој семестар треба да биде запишан. По ова, првопријавениот поднел пријавен и семестрален лист за запишување на VI семестар, кој не бил даден на одобрување кај Деканот на Факултетот. На тој начин второ и третопријавената му овозможиле од незавршен IV семестар да го продолжи студирањето директно во VI семестар. Откако првопријавениот на незаконски начин ги положил испитите предвидени со студиска програма, му било изадено Уверение за положени испити без наведување со стекнат стручен назив со печат на Универзитетот и без потпис од Ректорот. Уверението не било заведено во Деловодната книга на правното лице која во тој период ја водел второпријавениот. По ова, првопријавениот, Уверението за положени испити, најпрво го употребил на 11.09.2008 година кај нотар во Скопје, а потоа го употребил во МВР на РМ за напредување во кариерата.

На 04.09.2018 година, на денот на контролата спроведена од страна на Државни просветни инспектори и инспектори од СВР Куманово, С.Ѓ. дал на увид Деловодна книга во која самоиницијативно внел име и презиме на првопријавениот, додека при извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Управен инспектор при Државен управен инспекторат, на 03.10.2018 година тој приложил друга деловодна книга во која не е запишан и не фигурирало името на првопријавениот. Д.Ј., за периодот на студирањето на ФОН Универзитетот извршил уплати во вкупен износ од 118.730 денари. Во периодот од јануари 2008 година до октомври 2018 година се стекнал со противправна имотна корист од вкупен износ од 4.344.628 денари, за која сума е оштетен Буџетот на Република Македонија“, соопштија од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This