Во Хрватска peгиcтpиpaни 1.313 нoвoзa6oлeни oд Koвид-19, пoчинaa 33 пaциeнти кaкo пocлeдицa нa виpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.313 нови случаи на позитивни на корона вирус, како и 33 починати пациенти.

Како што објави Националниот штаб за цивилна заштита, бројот на активни случаи во Хрватска изнесува 15.699. Меѓу нив хоспитализирани се 1.816 пациенти, од кои 191 се на апарати за дишење.

Во моментов има 35.071 лице во самоизолација.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, 85.519 лица се заразени со Ковид-19, а 1.082 од нив починале.

До денес се тестирани вкупно 624.393 лица, од кои 4.861 во последните 24 часа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This