ВО ЧАИР САМОВОЛНО СИ ПРОГЛАСИЈА НЕРАБОТЕН ДЕН: Си го славеле Денот на албанските наставници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Практиката на прогласување неработен ден, на своја рака, надвор од законските прописи во училишта на територијата на општината Чаир продолжува и понатаму. Kако што пишува „Нова Македонија“, вчера во основното училиште „Рајко Жинзифов“ им бил неработен ден, иако во согласност со законот овој ден е работен. Причината за ваквата одлука за неработење и губење часови била одбележувањето на Денот на албанските наставници.

– Вчера имавме само приредба подготвена од учениците. Часовите ги запишавме во дневниците, но најверојатно нема да го одработуваме овој ден, изјавила наставничка што работи во училиштето.

За разлика од ова училиште, во другите училишта што се на територијата на општината Чаир вчера нормално се изведувала наставата. Државните просветни инспектори ќе направат вонреден инспекциски надзор во основното училиште „Рајко Жинзифов“.

Од Министерството за образование и наука (МОН) објаснуваат дека вчерашниот ден не смеело да биде неработен.

– Сите треба да знаат дека образованието е најважно и дека нема поубав и посоодветен начин да се одбележи ден на учителот одошто во училница со децата. Во согласност со Законот за основното образование, освен државните празници и патрониот празник, не е оправдано ослободувањето од настава во други случаи, изјавиле од МОН.

Оттаму додаваат дека за ова веќе е информиран Државниот просветен инспекторат, кој треба да ги истражи наодите и да постапи во согласност со своите законски надлежности. Најверојатно ќе биде наложено дополнително да се одработи овој ден.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This