Во Чаир ќе се гради споменик во чест на жpтвитe на гeнoцид во Сребреница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делегацијата на Македонија му го претстави на бошњачкиот член на Претседателството на БиХ Сефик Џаферовиќ проектот за изградба на споменик посветен, како што се наведува, на жртвите на геноцид во Сребреница, кој ќе биде поставен во скопската општина Чаир

Како што беше објавено на веб-страницата на Претседателството на БиХ, Џаферовиќ им се заблагодари на гостите од Македонија и истакна дека изградбата на овој комеморативен комплекс ќе даде исклучително важен придонес за зачувување на споменот на жртвите на геноцидот во Сребреница, пренесува Танјуг.

Џаферовиќ рече дека сите во регионот треба да ги прифатат пресудите на меѓународните судови за геноцидот во Сребреница и дека, како што рече, вистината и правдата се единствената здрава основа врз основа на која е можно да се врати довербата и да се изгради подобра иднина.

На Фејсбук страницата на Општина Чаир беше објавено дека градоначалникот Висар Ганиу, заедно со пратеникот на албанската ДУИ Изет Меџити и член на претседателството на таа партија на власт, како и со поранешниот претседател на Лигата на Бошњаците во два мандати Рафет Муминовиќ, беа гости на Џаферовиќ.

Ганиу рече дека проектот на споменикот на жртвите од геноцидот во Сребреница, кој ќе биде поставен на територијата на општина Чаир, му беше претставен на Џаферовиќ.

Се наведува дека делегацијата го поканила Џаферовиќ да учествува во откривањето на овој споменик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This