April 23, 2024, 10:42 am

Во четврток протест пред зградата на ЕВН пpoтив високите и нереални сметки за струја и огромните паушали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Протест во Скопје пред зградата на ЕВН, најви иницијативата „Доста е“ чија мисија е борбата против високите и нереални сметки за струја, како и огромните паушали. Од иницијативата велат дека откако нудат бесплатна правна помош, голем број граѓани, не само од Тетово каде е нивното седиште, се жала секојдневно.

– Има многу жалби, секакви, и за паушали, и за цена месечна со земени повеќе пари отколку што треба, а има и социјални случаи земаат 3000 денари помош, а плаќа 2500 струја. Има и случај за едно преместување на бандера му барале на човекот 15000 евра. Ова е астрономска цена, вели за „Алфа“ Аднан Вока од „Доста е“.

И граѓаните отворено зборуваат пред камерите:

-Тетка ми се грее со пелети, тројца луѓе се, тетка ми, син и снаа. Фактурите што ги добива се 8 илјади, 7 илјади, во лето сите се по 6 илјади. Се јави во Скопје, во Тетово, никој не презема мерки. И веќе јас ги собрав документите за на суд. Најдов адвокат и здравје Господ, се надевм ќе биде успешно, раскажува Таџедин Џелили, жител на Тетово.
Од „Доста е“ предупредуваат дека овој пат нема да престанат со протести и ќе се борат против нералните суми и „кражбата на луѓето“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This