ВО „ЈАСЕН“ ПРИКРИВААТ ТРАГЕДИЈА: Млад човек загинал со возило на „Јасен“, откажале сопирачките – надлежните кријат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Млад човек, вработен во јавното претпријатие „Јасен“, утрово, управувајќи со службено возило, откако му откажале сопирачките, загинал на лице место. Со ова јавното претпријатие за стопанисување и заштита на повеќенаменското подрачје управува Новица Зечевиќ, брат на Миле Зечевиќ, шеф на Републичкиот изборен штаб на СДСМ.

Според извори на „Економски лидер“ човекот кој е вработен во „Јасен“ утрово со комбе превезувал вработени во резерватот. Комбето, кое не било регистрирано, а во кое имало најмалку шест лица, во еден момент завршило во карпест дел, откако му откажале сопирачките.

„Јасен“ е целосно затворен, а увидот на лице место од екипи на МВР сеуште трае.

Останува нејасно зошто било дозволено да се управува со возило со неисправни сопирачки и дали директорот на „Јасен“ Новица Зечевиќ ќе понесе одговорност.

Инаку ЈП „Јасен“ е место каде што се наоѓаат бункерите во кои се сместува државното раководство во случај на војна и претставува важна безбедносна институција во државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This