April 19, 2024, 12:08 pm

Во 2013 година Хрват го пронашол вечното почивалиште на Александар Македонски во Свети Николе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Геоглифот во близина на Свети Николе кај селото Црнилиште го означува вечното почивалиште на Александар Македонски, смета самостојниот истражувач од Хрватска Домагој Николиќ, кој во 2013 година истражуваше во Свети Николе и присуствуваше на празникот на градот.

Николиќ вели дека доколку се докаже дека тоа е местото каде што е закопан Алесандар Македонски, ќе се смени не само историјата, туку и нашата иднина.

– Според мене се работи за гробницата на Александар Македонски. Јас своите аргументи ги темелам на моите читања на овој геоглиф, кој всушност по аналогните правила кои се работени по древните метафизички градби, како на небото, така и на земјата, геоглифот ја прикажува сликата на големата мајка која се огледува по точно математички, астрономски и геометриски, во чест на роденденот на Александар Македонски, кој го славиме секоја година на 21 или 22 јули и единствено во тие денови во зората на овој геоглиф е управуван со Касиопеја, изјави Николиќ.

Професорот од Скопскиот универзитет Аристотел Тентов рече дека на ова место има еден цел текст кој говори кој го изградил но, според него, кој е закопан баш таму треба да покажат археолошките истражувања и тоа со современи методи.

Градоначалникот на Свети Николе тогаш изјави дека самостојните истражувачи досега најмногу придонеле за промоција на Свети Николе, а дали приказната за вечното почивалиште на Александар Македонски е вистинска или не, рече тој, ќе покажат истражувањата на археолозите.

– Јас ќе го компарирам ова само со приказната за Лох Нес, никој не го видел чудовиштето од Лох Нес во езерото, но милиони туристи доаѓаат да го видат. Ние овде го имаме и геоглифот и локалитетот Била Зора и верувам дека во иднина ова ќе стане вистинска туристичка атракција, на што работиме на специјална програма, рече градоначалникот.

Тој истакна дека веќе има голем интерес од граѓани и од туристи од други земји за да го поисетат ова место кое, според локалните жители, е свето место, а никој од нив не го ни обработува.

Геоглифот е во непосредна близина и на пајонскиот град Била Зора, за кој наредната година се најавени поголеми археолошки истражувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This