Во 6opбaтa пpoтив Koвид-19: Германија paзмиcлyвa зa зaocтpyвaњe нa мepкитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германија би можела да ги заостри мерките како превенција од ширење на коронавирусот, изјави министерот за здравство Јенс Спах, додека најнаселената држава во Европската Унија се обидува да го намали бројот на нови случаи на зараза.

„Краткорочниот и сеопфатен пристап за да се направи разлика, веројатно е успешен. Ако не дојдеме таму следната недела или две недели пред Божиќ, ќе мораме тоа да го размислуваме“, истакна Спах.

Тој не ги исклучи мерките за затворање кои секако би биле штетни по трговците. Геранија воведе делумно затварање на почетокот на октомври и ја забрани работата на рестораните, кафетериите и културните институции. Маркетите и училиштата пак, останаа отворени.

Политичките челници сметаат дека со ограничувањата го спречиле понатамошниот експоненцијален раст на ново заразени, но не го сопреа ширењето на вирусот.

Германија извести за 487 смртни случаи како последица од Ковид 19 во еден ден изминатата недела, што е највисок број во таа земја од почетокот на пандемијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This