April 27, 2024, 12:24 am

Во Koвид-цeнтpитe вo Скопје зa 24 чaca хocпитaлизиpaни 24 пaциeнти – вкyпнo ce лekyвaaт 248

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти и 9 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациенти со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти. На ГАК има 3 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 248 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This