Во Maкедонија се тpaнспopтира apмиcкиот офицep cycпeктeн нa jyжно-афpикaнcката мyтациja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

55-годишниот македонски војник позитивен на Ковид-19 и сомнителен на јужноафриканскиот сој, веќе е на пат од Африка кон Македонија со авион за медицинска евакуација обезбеден од ЕУ, пренесува „Сител“. Потполковникот ќе биде сместен во посебна изолирана соба на Клиниката за Инфективни болести. Наместо овој период регуларно да се врати во земјата по завршување на шестмесечната европска мисија во Централноафриканската Република, тој доаѓа со посебен медицински транспорт. Министерката Шекеринска вели дека бил во добра здравствена состојба а веќе контактирале и со неговото семејство.

Причината зошто се одлучивме за евакуација е фактот што во Централноафриканската република во рамки на мисијата на ЕУ функционира болница која не може да обезбеди соодветна медицинска помош доколку неговата состојба се влоши и затоа се одлучивме подобро да превенираме отколку птооа да се занимаваме со последиците, изјави Радмила Шекеринска, министер за одбрана.

На Инфективна се подготвени уште од вчера кога и ја добиле најавата за пристигнувањето на македонскиот потполковник. Веќе контактирале и со лабораторијата во МАНУ каде ќе треба да се потврди дали станува збор за опасниот јужноафрикански сој. Но како што велат лекарите може и нема да добијат соодветен резултат.

Имајќи го во предвид времето кога е позитивен а и претходните денови имал симптоми, не е исклучена можноста од брисевите што ќе ги доставиме да не добиеме резултат, изјави Милена Стевановиќ, директор на Клиника за Инфективни болести.

Јужноафриканскиот сој е поопасен од останатите мутации, побрзо се шири има потешка клиничка слика и според епидемиолошки анализи е отпорен и на дел од вакцините. Но лекарите од Инфективна не ги плаши македонскиот војник кој ќе биде целосно изолиран.

Тој ќе биде згрижен, има тим, изолиран…може да дискутираме што ако овој сој продре и се прошири во Европа, но засега за тоа не може да дискутираме, вели Стевановиќ.

Потполковникот на мисијата бил со уште еден негов македонски колега, но тој останува во Африка. Пред извесен период паника од јужноафриканскиот сој имаше и за брачен пар од Битола кои биле вратени од Занзибар, но анализите покажаа дека не била опасната мутација.

Во земјата е на сила одлуката за сите кои се враќаат од африкански земји има 14 дневен карантин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This