Вработените во Универзална сала неколку месеци не земале плата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените во Универзална сала немаат земено плата веќе неколку месеци.

Како што вели Тања Стефанова, вработена во Универзална сала, односно штотуку пензионирана, станува збор за вкупно 23 вработени плус четворица нововработени кои немаат земено плата за месец февруари, како и за месец март.

Проблемот настанал поради тоа што огласот бил објавен на 28.12.2019 година, а четворицата нововработени почнале со работа на први февруари 2020 година.

Иако овие четворица биле примени тие немале одобрение од министерството за финансии со што преметките за плати за сите вработени, заедно со тие четворица, не може да поминат и нивната исплата е закочена.

Откако вработените се пожалиле кај директорот Филип Аврамчев тој им се заканувал дека немало да земат плата и им порачал да се снајдат.

Како што велат вработените, меѓу тие 23 вработени има и хронични болни и брачен пар, но дека ставот на директорот бил оти тоа не го интересира тоа.

Ваквата состојба, Тања ја пријавила во трудова инспекција на 2 април и тврди дека на 10 април директорот добил решение дека во рок од 15 дена треба да ги исплати платите.

Тања реагирала и до Град Сопје, односно испратила допис и до градоначланикот Петре Шилегов и до Советот на Град Скопје, меѓутоа од таму нема реакција.

По сите овие работи директорот не остапува од тоа да ги одјави четворицата нововработени затоа што проблемот бил до нив и дека поради тоа што се под јавна администрација пари има, но поради оваа состојба не можат да легнат на сметките на ниту еден друг вработен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This