Вработените на Клинички трет ден на протест-денеска со проширени барања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените на Клинички центар за денеска најавија повторно излегување на протест на просторот кај хелиодромот. Тие трет ден протестираат против одлуката за зголемување на цената на месечниот износ за паркингот кој е зголемен од 300 на 800 денари. Но во денешната најава за протестот, нивните барања се прошируваат -бараат продолжување на дијалогот за покачување на платите.

-Паркингот на Клинички е капка која ја преполни “чашата” на наталожените проблеми со кои се соочуваат вработените во Клинички и затоа јавно бараме итно решавање на проблемите кои се акумулирани во јавното здравство без насочување во погрешен правец како што е последното со паркингот на Клинички, а се со цел избегнување на одговори и пронаоѓање на решенија на актуелните проблеми. Барањата се множат, а едно од тие е, поради незадоволство од динамиката со која се водат преговорите за покачување на платите на вработените во Клинички центар Скопје, бараме итно продолжување на дијалогот со ресорното министерство и Сскц Самостоен Синдикат на Клинички по основ на ветените покачувања за сите вработени во Клинички Центар без поделба на коефициенти по профили, се вели во најавата за денешниот протест.

Вработените во Клинички, веќе трет ден штрајкуваат во болничкиот круг, откако Градот Скопје прво најави, а потоа и донесе одлука за поскапување на месечниот билет за паркирање за вработнеите од 300 на 800 денари.

За вчера беше најавена средба на министерот за здравство со градоначалникот на Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This