ВРАБОТЕНИТЕ ТРПАТ ЗА ЛЕБ, БОГДАНОВИЌ НА СКИЈАЊЕ: Вработените во ПОЦ три месеци не земале плата, Богдановиќ уво не го боли!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До нашата редакција пристигна писмо од вработените во ПОЦ во кое го искажуваат својот револт од директорувањето на Саша Богдановиќ, кој како што наведуваат ги ужива благодетите од своето директорување, а вработените немаат земено плата веќе три месеци.  До кое „дереџе“ треба да бидеш расипан за да ги оставиш фамилиите на вработените без плати, а ти да си уживаш по монденските ски центри низ светот.

16357172_10211672478110722_1555588629_o

Ова за жал не ни прво ниту последно арогантно однесување на функционери од СДСМ. Ова само уште еднаш ја покажува дволичноста на СДСМ, едно зборуваат, друго прават.

Додека Богдановиќ се скија и ужива, вработените се мислат како ќе преживеат и кога воопшто ќе им се исплатат платите. Таква грижа нема Богдановиќ бидејќи неговата плата од 2000 евра е секогаш на време исплатена.

Освен ова, како што дознаваме, благодарение на недомаќинското работење на Богдановиќ, сметката на ПОЦ е блокирана поради долгови.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Додека ние вработените во ПОЦ неможеме плата да земе за 2 месеца. Нашиот директор Саша Богданович си ужива во благодетите како директор со плата од 2000евра, сметката на фирмата е блокирана. Ве молиме во име на вработените да објавите  за ова…. Ве молиме ако можете нешто да објавите за ова дека еве уште само 5 дена веќе ќе стигне до 3 месеци без плата ВЕ МОЛИМЕ![/kopa_block_quote]

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This