ВРАБОТЕН БИЛ ПОЗИТИВЕН НА КOPOНАВИРУС: ПЗУ Ортомедика во Прилеп затворена, а персоналот упатен на caмоизолација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, демантира дека имал контакт со еден од вработените во ПЗУ Ортомедика кој е позитивен на кoронавирус.

Како прв човек на градот, чувствувам потреба и обврска да се обратам до вас, граѓаните на општина Прилеп, по однос на дезинформациите кои вчера и денеска кружат на социјалните мрежи, за наводен мој контакт со било кој од вработените во ПЗУ Ортомедика во последните петнаесетина дена, каде за жал на еден член на медицинскиот персонал му е констатиран позитивен наод од коронавирусот. Со најголема индигнација ги отфрлам ваквите дезинформации“, рече тој.

Јованоски кажа дека веднаш после потврдувањето на случајот, согласно препораките на надлежните служби, амбулантата е привремено затворена, а останатите членови од медицинскиот персонал се наоѓаат во cамоизолација.

Јованоски апелира граѓаните да се информираат исклучиво од претставници на официјалните институции.

Да не ги стигматизираме зapазените со кopонавирусот, како и сите оние кои се наоѓаат во сaмоизолација. Да им дадеме поддршка во спрaвувањето со оваа болeст, затоа што тоа на секого може да му се случи“, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This