April 25, 2024, 12:47 pm

ВРАЌАЊЕТО НА ОПОЗИЦИЈАТА ВО ПАРЛАМЕНТОТ Е ДОБАР ЧЕКОР: Американскиот амбасадор смета дека сега е време за реформи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот амбасадор Џес Бејли вечерва оцени дека е многу важно што ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Парламентот, како водечка опозициска партија.

– Силна, активна опозиција во Парламент која ќе разговара за закони е клучно за една демократија, посебно за една европска демократија, рече Бејли во интервју за 24 Вести.

Што се однесува до процесот на реформи, тој рече дека не е важно само да се изгласа некој закон, туку дека треба да се смени функционирањето на институциите и функционирањето на луѓето.

– Не е работата само некој закон да се изгласа, туку има случаи треба да се смени културата на некои институции и на политичкиот живот во државата, рече американскиот амбасадор.

Во однос на спорот со името и влезот на Македонија во НАТО, Бејли кажа дека е најважно да се реши прашањето со името и оти Декларацијата на Самитот во Букурешт го подвлекува токму тоа.

– Мислам дека сега постои голема шанса, бидејќи македонската и грчката Влада се посветени да се најде решение. Решавањето на ова прашање е добра работа за регионалната стабилност. Билатерланите односи ќе се подобрат. Ќе се отворат области за соработување во бизнис секторот и во трговијата. Тоа е во интерес на двете држави, во интерес на Европа и на трансатлантска безбедност. Ова е многу важна шанса која не смее да се пропушти. Како што времето поминува, ќе биде се потешко, смета амбасадорот Бејли.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This