ВРВОТ НА KOBИД-ЕПИДЕМИЈАТА КАЈ НАС ПОМИНА МИНАТАТА НЕДЕЛА, НО ВИРУCOТ ЌЕ ОПСТАНЕ УШТЕ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека смртноста на пациенти по компликации од ковид-19 расте во светот и кај нас, но додава дека пикот на епидемијата во земјава беше минатата недела, кога на 17 ноември беа регистрирани 1.400 новозаболени и оттогаш постепено и благо опаѓа, бројките се стабилизирани и се на ниво на едно плато.

„Бројот на активни случаи се стабилизира и очигледно е дека мерките даваат резултати. Бројот на нови случи успорува, а Р-0 факторот е намален и практично изнесува 1. Охрабрува што расте бројот на оздравени и на домашно и болничко лекување. Го немаме веќе оној нагл пораст на број на пациенти, ниту огромниот притисок кон болниците како што беше пред неколку недели. Тој притисок сѐуште постои, но, не со таков интензитет. Апелирам до граѓаните дека вирусот ќе опстане и оти е широко распространет, и затоа треба да се почитуваат мерките“, рече министерот на денешната прес-конференција во Владата.

Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 58.608, оздравеа 36.064, починаа 1.630, а активни случаи се 20.914.

Според него, изминатиов период здравствените власти се фокусирани на менаџирање на болничките капацитети и персоналот, и додава дека има места, како и кислород за пациентите.

Во однос на воведување полициски час, Филипче повтори дека сметаат оти нема потреба, со оглед на тоа дека после 21 часот секако нема движење, затвораат угостителските објекти, забранети се групирања и останува препораката граѓаните да не се собираат дома.

За употребата на лекови, министерот рече дека никаде во светот нема специфична терапија.

„’Фавипиравирот’ е лек за кој се водат триесет студии во светот, а ‘ремдесивирот’ влијае на скратување на времето поминато во болница, не на смртноста“, кажа тој и додаде дека веќе има вакцини кои се во завршните фази.

„Очекуваме Ковакс системот да профункционира кога ќе почне да ги даваат. Во координација сме во однос на системот на чување и дистрибуирање. Тоа е одлична вест, која следната година веројатно ќе ја смени целокупната слика за пандемијата во светот и во таа насока ќе може да очекуваме и стабилизација“, кажа министерот Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This