March 28, 2024, 11:52 pm

ВРВ НА АМАТЕРСКИТЕ ОДЛУКИ НА ЗАЕВ: Партиски функционери од СДСМ сведочат за раздорот во партијата за „Дневник“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Неодговорниот однос ќе биде на штета на изборниот резултат“ е коментарот што лично му бил кажан на раководството на СДСМ, од страна на постари членови на партијата, веднаш по потпишувањето на предизборната коалиција, меѓу другите и со лидерот на Српската напредна партија, Драгиша Милетиќ

miletic-zaev

– Наместо минатонеделниот Конгрес да го почне патот кон победата, неодговорното и аматерско однесување на раководството ќе биде единствена причина за неуспех – коментира за „Дневник“ партиски функционер од „Бихаќска“.

Вакво е расположението кај мнозинството од долгогодишните членови на партијата и поранешни функционери, иако дел од нив до вчера некако се трудеа да ги премолчат чекорите на својот лидер Зоран Заев во интерес на опстојувањето на најголемата опозиција. Реакции имаше на самиот ден на конгресот особено затоа што високо на кандидатските листи им беше отстапен простор на членовите од ДОМ, но коалицијата со Милетиќ ја прелеа чашата.

Уште истата вечер на социјалните мрежи со критики и оградување од Заевата одлука се огласија реномирани професори – членови на СДСМ, како Ана Павловска Данева, Весна Бендевска и други, но вчера никој од нив не сакаше да коментира.

Поранешната потпретседателка на СДСМ и пратеничка Ана Павловска Данева на својот фејсбук-профил завчера објави дека се оградува од одлуката на партискиот лидер.

– Сакам јавно да се оградам од одлуката на претседателот Зоран Заев за коалицирање со Драгиша Милетиќ, за која не се консултирани ниту Извршниот ниту Централниот одбор на СДСМ. Ова е премногу за да се одмолчи – напиша Данева.

На „Фејсбук“ се јави и поранешната пратеничка на СДСМ Весна Бендевска:

– СДСМ потпиша коалиција со Драгиша Милетиќ???!!! Со човекот што му го продаде печатот на Стевчо за да се руши отпорот кон режимот на Груевски?!?“ – потенцира Бендевска.

Неофицијално од партијата не сакаат да ги коментираат негативните реакции на сопартијците, оти велат „тие повеќе не се фактор во СДСМ и немаат реално влијание кај народот“ за да бидат коментирани.

Пред само неколку дена портпаролот на партијата и носител на листа Петре Шилегов, на една од социјалните мрежи, се исмеваше во врска со Милетиќ, што од партијата за „Дневник“ го протолкуваа со зборовите дека „секој има право да згреши во проценките“.

После целодневните вчерашни напори да се добие објаснување, зошто без консултација со раководното членство е потпишана коалиција, конечно се огласи и Заев. Оправдувајќи се за сопствената одлука во коалицијата да го повика и Милетиќ, тој рече дека новиот коалиционен партнер сфатил оти грешел претходно кога бил на страната на владејачката структура, па сега сакал да си ја исправи грешката.

– Секој што на еден или друг начин се покајал и одлучил да се приклучи во борбата против режимот е добредојден. Милетиќ побара шанса да се искупи за она што го направил и ние му ја дадовме. Делегатите на партијата и Централниот одбор на конгресот му дадоа право на претседателот на партијата самостојно да одлучува за ова, така што тука не гледам проблем. Секој има право на свое мислење – рече вчера Заев.

Инаку, Српската напредна партија до неодамна беше коалициски партнер на ГРОМ, предводен од Стевче Јакимовски, а покрај тоа, за СДСМ беше целосно непожелна затоа што, како што пишуваат членови на социјалните мрежи, „Милетиќ му забил нож на отпорот, по црниот понеделник во Собранието во 2012“. Но не и за Заев. Тој одлучи да му даде шанса на сметка на внатрепартиското разнебитување.

Шлаканица за Албанците или зајакната коалиција?

Дел од критиките по коалицирањето дојде и од албански аналитичари, кои го протолкуваа како „шлаканица и срам за Албанците“, кои се најдоа на листите, но и како директна загуба на гласовите на албанскиот електорат на кои сметаше СДСМ. Но, од партијата велат ова не било точно.

– Црната доба во која живееме е иста и за Србите и за Албанците и за Македонците во оваа земја, тие во нас гледаат спас, оти ако не сме ние сега, тие ќе си заминат од државата – велат од СДСМ за „Дневник“.

Искра Kоровешовска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This