ВРВ НА НЕЧОВЕЧНОСТА: Соросовата војска на социјалните мрежи со наредба да го „пере“ Заев за бомбата за Смиљковско!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Платениците на СДСМ и Сорос, од кои дел започнаа да работат како владини чиновници во министерството за пропаганда на Роберт Поповски, имаат за задача да го релативизираат криминалниот начин на кој Зоран Заев ја злоупотребуваше трагичната судбина на загинатите кај Смиљковско езеро во долгата кампања на СДСМ пред изборите.

 

Заев тоа го правеше од две причини – и за да го дерогира правниот систем во Република Македонија, и за да флертува во рамките на креираниот наратив од дел од албанското етничко население во Македонија дека се осудени невини луѓе и дека вистинските виновници се некаде надвор, а во сето тоа е вмешана и власта.

Власта се смени делимично, албанскиот режим стана нов демократски партнер на Заев и СДСМ, а бомбите за смиљковско останаа во историјата да сведочат за некрофилизмот на СДСМ и немилосрдната злоупотреба на човечки судбини се за да се демонизира ВМРО-ДПМНЕ и Заев да дојде на власт па на раат да ја распродава државата.

Денес, на 8.8.2017 сеуште „абер нема“ никакво разоткривање на случајот кај Смиљковско езеро, ниту пак СЈО преземало некакви дејства иако Заев во повеќе наврати најавуваше дека „ќе ја дознаеме вистината за Смиљковско езеро“ свесно создавајќи атмосфера дека знае и крие некоја голема тајна која ќе е погубна за челниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, денес е јасно дека биле изманипулирани и родителите на убиените деца и целата јавност која му поверувала. Во обид да се релативизира оваа негова валкана игра, активирана е камарилата на СДСМ/Сорос, кој вработен во влада, кој во невладина, и долг период константно имаат насока да се исмеваат со „бомбата за Смиљковско“ божем станува збор за нешто од поп-културата на македонската реалност, а не за случај во кој се убиен деца и со кој случај СДСМ градеше политичка кампања злоупотребувајќи судбини.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This