April 26, 2024, 11:05 am

ВРВ НА ХИПОКРИЗИЈАТА И ЛУДИЛОТО: За фарбањето на цел град ниту една пријава, за организаторите на протестот пред МНР казна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По завршувањето на протестот пред Министерството за надворешни работи во организација на Граѓанското здружение „Блаже Конески“ против договорот за добрососедство со Бугарија, организаторите биле повикани на разговор во Полициската станица Беко.

 

Организаторот Љубомир Сенковски во изјава за Курир вели дека тој заедно со уште две лица биле повикани да дадат изјава во полиција поради истурање боја на плочникот пред МНР, за што тој заработил прекршочна пријава и ќе добие казна од 100 до 400 евра.

-Се истури боја во зелена, црвена и бела боја во знак на знамето на Бугарија, истакна Сенковски.

Вели дека за разлика од Шарената револуција, тие не фрлале боја по споменици и не кршеле, туку бојата ја истуриле само на плочникот.

-За разлика од претходната Шарена Револуција, така да ја наречам, ние не фрлавме по смоменици, по згради, не кршевме излози, не ја кршевме претседателската канцеларија, туку едноставно на еден метар квадратен пред МНР истуривме боја во знак на протест, посочи Сенковски.

Тој најави дека Здружението ќе продолжи и во иднина секојдневно да протестира против договорот со Бугарија.

Инаку, Сенковски на денешниот протест на премирот Зоран Заев му порача дека македонскиот народ живеел во Бугарија многу векови пред, како што рече, вашите пријатели да ве донесат на власт.

– Во Бугарија нема Македонци само како туристи. Донесовме и ви даваме зелена, црвена и бела боја, за да го офарбате своето лице пред вашите вистински чувства. Господине Заев, македонскиот народ постоел многу време пред да има свој устав. Македонската историја е ткаена и градена во македонскиот народ, далеку пред вашите пријатели Борисов и Захариева да прават шеги со него.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This