April 26, 2024, 11:49 pm

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Денеска до 19 степени, а викендот со снег!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од девет до 19 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во петок во текот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежите во сабота ќе преминат во снег и на некои пониски места.

За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен североисточен ветер особено во петок во текот на ноќта и во сабота кога наместа ќе достигнува до 80 км/ч. Температурата значително ќе опадне за 10 до 15 степени во споредба со денешната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This