ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Денес облачно и ветровито, следните денови грмежи и дождови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во нашата држава ќе биде променливо облачно и ветровито наместа со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе продолжи да дува повремено силен северен ветер (над 70 км/час) особено изразен во поширокото Повардарие и на истокот. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната ќе достигне од 13 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 20 степен.

Според Управата за хидрометеролошки работи, во следните денови времето ќе биде постабилно освен во среда кога ќе има појава на умерен до повремено пороен дожд и услови за грмежи. Тогаш поради студен воздушен бран температурите ќе се спуштат, но утринските ќе останат над нулата. Во деновите потоа дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This