Временска прогноза за до крајот на месецот – не чекаат многу пресврти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се движи од минус четири до нула, а дневната од 13 до 22 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до 17 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. Во петок ќе преовладува облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во сабота ќе има повремени слаби врнежи од снег и на некои пониски места. За време на викендот ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од севроисточен правец што ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

И во останатите денови од месецов, времето ќе биде доста променливо и ќе можеме да очекуваме многу сонце, дожд, снег и врнежи. Доколку мислите дека само Март може да изненади, грешите. Ова е временската за до крајот на овој месец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This