April 25, 2024, 10:02 pm

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Какво време не очекува овој викенд?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на викендот ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повеќе врнежи ќе има во недела, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локален дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This