ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Потопло време, но и поpoјни дождови, гpмeжи и зacилен ветер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Следува период на потопло време, но ќе има повремена појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

За утре УХМР најавува максимални температури од 19 до 25 степени, по што во наредните пет дена таа ќе достигне и до 32 степени. Минималните температури ќе се движат во интервалот од 5 до 17 степени.

Како што најави УХМР, денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, повремени поројни и на места проследени со грмежи. Ќе дува умерен засилен претежно северен ветер, најизразен долж Поварадарието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This