Според прогнозата на УХМР денеска во Македонија ќе биде вистинска пролет со максималната темература која ќе достигне до 26 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Сончево ќе биде и во Скопје каде дневната температура ќе достигне до 25 степени.
Високи теператури за овој период од годината и суво време се очекуваат и во следните четири дена. Максималните температури утре и в среда треба да достигнат до 28, а в понеделник и во вторник до 29 степени