ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА (25.01.2019): Нови врнежи од снег и снежна покривка во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врнежи од снег насекаде во земјата и нова снежна покривка денеска во Македонија. Само во југоисточниот дел има врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе биде во позитива и ќе се движи од нула до пет сантиметри.

Снежна покривка од 76 има на Попова Шапка, 60 Маврово, 41 Лазарополе, 30 Крушево, 24 Пожаране, 8 Тетово, 5 Битола, Претор, 2 Скопје-Петровец.

Врнежите почнаа од ноќеска, а денеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни. Во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд (над 40л/м2), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Во Скопје, ќе биде облачно, врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

Утре во источните делови ќе има локални врнежи од снег, само во крајните југоисточни делови од дожд. Во недела ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This