ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА (27.01.2019):Времето денес ќе биде сончево со мала облачност!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од еден до девет степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала облачност. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до два степена.

Во следните денови ќе преовладува облачно со услови за магла по котлините. Во понеделник од крајот на денот ќе започнат нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на планините од снег и се очекува врнежите најпрвин да се поинтензивни на запад, а потоа да се прошират насекаде и да траат и во вторник кога се поинтензивни и на југостокот и истокот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This