April 19, 2024, 11:32 pm

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА(11.01.2019):Сончево со умерена облачност и слаб снег!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерна облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб снег.
Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од минус четири до три степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до еден степен.

Снеготот што во изминатите денови интензивно паѓаше, во Маврово формира покривка од 95 сантиметри, на Попова Шапка 50, во Крушево 44, а во Скопје 12 сантиметри.

Од денеска попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои во поголемиот дел од населените места ќе се во интервал од -5 до -15 степени. Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This