ВРЕМЕТО ДЕНЕС:Облачно со врнежи од дожд, температури од -3 до 14 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат позастапени во западните делови од земјата. Кон крајот на денот и преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират.

Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, каде што ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог, а ќе дува и засилен јужен ветер.

Утринските температури ќе се движат од минус три до четири степени, додека дневната ќе биде од седум до 14 степени.

Во главниот град ќе преовладува облачно време, а кон крајот на денот ќе има услови за врнежи од дожд. Во текот на ноќта можно е врнежите да преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура во Скопје ќе се спушти до минус два, додека се очекува дневната да се искачи до 13 степени.

Утре ќе има повремени врнежи од снег во западните и северните делови од земјава, а границата на снежната покривка се очекува да се спушти и до 500 метри надморска височина. Снежната покривка на планините ќе се зголеми.

Во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This