ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со умерена облачност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд.

Температурата во утринските часови ќе се движи од шест до 14 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 29 степени.

Во Скопје слично време со температура до 28 степени, во Маврово 18, Охрид 23, Битола 25, Кавадарци 29, Крива Паланка 25, Берово 22, Дојран 29 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи, особено во западните делови. Ќе дува засилен југоисточен ветер, особено вдолж Повардарието. Дневните температури ќе бидат во Скопје 27 степени, Маврово 16, Охрид 21, Битола 24, Кавадарци 27, Крива Паланка 25, Берово 19, Дојран 28 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This