ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА: Повремен пороен дожд и грмежи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне ќе има повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време со локален дожд и услови за ретки грмежи попладне. Температурата ќе се движи од 11 до 25 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи.

Во среда процесите ќе бидат поретки и со послаб интензитет, а од четврток условите за нестабилност повторно ќе се зголемуваат, додека во петок ќе има променливо облачно време.

За време на викендот повторно не очекува дожд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This